Дебакл на Оклахома Сити

17.03.2014 09:30

Далас ја прекина серијата од 7 порази во дуелите со Тандер, совладувајќи го лутиот ривал со убедливи 86:109. Гостинската екипа ја предводеа Шон Мерион со 19 поени и Винс Картер со 18, а Дирк Новицки постигна 17.
 
Маверикс имаа 13/24 во ударите за три поени. Кај домаќините не играше Расел Вестбрук, а Кевин Дјурант постигна 30 поени, со 4 скокови, 4 асистенции и со 1 блокада. Последен пат, Далас се радуваше против Оклахома на 2 јануари 2012-та, а ќе потсетиме и декапретрпе тежок пораз со чисти 4:0 во плеј офот 2012-та.
 
Во дуелот на Минесота и Сакраменто славеа Тимбервулфс, со 104:102. Мечот го доби Кевин Лав со 26 поени, меѓу кои и клучната тројка во финишот. Патем, Лав имаше и 10 скокови, дополнети со 5 асистенции. Кај поразените, Ајзеа Томас имаше 27 поени, а Дерик Вилијамс поен по малку и 11 скокови.
 
Во редовите на Сан Антонио имаше 7-мина двоцифрени стрелци, меѓу кои што предводник во победата над Јута (122:104) беше Ману Џинобили. Аргентинецот постигна 21 поен, а на Џез не им помогна ниту личниот рекорд на Фејворс, кој што на крајот имаше 28 поени.
 
На останатите синоќешни натпревари, Портланд загуби од составот на Голден Стејт со 112:113, додека Клиперс немаа проблеми противКливленд, победувајќи со 102:80.