Советот за реформи во судството треба да ја потврди методологијата за ветинг
Судскиот совет и Советот на јавни обвинители заедно со Министерството за правда во изминатиот период работеа на подготовка на методологијата по која следната година ќе се прочистуваат судството и обвинителството.

Советот за реформи во судството треба да ја потврди методологијата за ветинг. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители заедно со Министерството за правда во изминатиот период работеа на подготовка на методологијата по која следната година ќе се прочистуваат судството и обвинителството.
Целта на процесот, како што појаснуваат од Владата, е сите оние судии или обвинители, кои незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле, да бидат исфилтрирани од правосудскиот систем.
Посебен фокус ќе имаат судиите и обвинителите кои работеле на случаи на висока корупција и организиран криминал.
