МВР

Осум лица уапсени во антитерористичка акција

28.12.2020 15:04

По повеќемесечна истрага на неколку оддели на МВР, приведени осум членови на терористичка организација. Извршени биле претреси во Куманово и во Скопје. Уапсени се осум лица. Еден од нив учествувал и на боиштата во Сирија, како припадник на ИСИС. Пред четири месеци близу до Куманово беше разбиена повеќечлена група, која планирала самоубиствени напади на витални објекти...

Приведени уште осум членови на терористичката група која планирала самоубиствени напади во Македонија. Петмина се од Куманово, тројца од Скопје. Ќе одговараат за кривично дело „терористичка организација“. Биле извршени претреси на неколку локации во Куманово и во Скопје. Еден од приведените како припадник на ИСИС учествувал на боиштата во Сирија. За остварување на намерата членовите на групата обезбедувале финансиски средства, набавувале оружје, муниција, воена опрема, изработиле импровизирани експлозивни направи и изведувале пробни испалувања и активирања.

Членовите на терористичката група за меѓусебна комуникација ја користеле интернет платформата „Whats app“ каде го договарале начинот на транспорт на оружје и другите дејаствија велат од МВР. Акцијата следи по повеќемесечна истрага на полицијата.

Пред четири месеци близу Куманово беше разбиена повеќечлена група, која планирала самоубиствени напади на витални државни објекти.

 

Наташа Гркова- Петрушевска