Тетово ја чека модуларната болница

28.12.2020 16:30

Наредниот месец се очекува да биде поставена модуларната болница во кругот на Клиничката болница Тетово. Се работи за болнички капацитет до 35 кревети. Состојбата со вирусот како што велат од Ковид центарот во Тетово не е критична, но остануваат, апелите за што помалку семејни групирања, кои во овој регион се главни причинители за трансимија на болеста.

Од Ковид центарот очекуваат во наредните неколку недели раст на позитивни случаи со доаѓањето на печалбарите, а модуларната болница која ќе го олесни притисокот врз болничките капацитети е повеќе од потребна. Болницата е лоцирана веднаш до пристапен пат.

Состојбата со вирусот во тетовско не е загрижувачка. Се намалува бројот на новозаразени, а со тоа и на хоспитализирани. Но, групирањата и натаму се извор број еден на заразата.

Во тетовско дневно се евидентираат по десетина позитивни случаи со Ковид- 19. Моментално се хоспитализирани 33 пациенти, голем дел од нив се потешка клиничка слика.

 

Зоран Димовски