Свети Патрик- одбележување на ирско- американското пријателство

17.03.2014 09:30

Прославата на празникот Свети Патрик, британски благородник којшто во 4-тиот век бил мисионер во Ирска, е начинот на којшто секоја година се обележува ирско-американското пријателство. Паради за Свети Патрик на 17-ти март денот кога починал светецот, се одржуваат во Бостон, Чикаго, Вашингтон, Савана и Њујорк...

Прославата на Свети Патрик ја донесува најавата за пролетта во Америка. Свети Патрик е ирски светец заштитник, којшто користел трилисна детелинка за да го објасни светото тројство во христијанството. Според легендите, Свети Патрик ги протерал змиите од Ирска.

„Денот на Свети Патрик е во чест на Свети Патрик којшто го проширил христијанството во Ирска. Тоа е празник во Ирска и во Америка. Во Соединетите Американски држави е начин да се покажат допринесот на Ирците во Америка, но и допринесот на сите имигранти во Америка“, вели Том Харди- Маршал на парадата за Свети патрик во Вашингтон.

Една третина од населението во САД се Ирци по потекло. На Свети Патрик, паради се одржуваат во сите градови каде мнозинството се Ирци. Традиционално во Вашингтон парадата почнува со поворка на Гранд Маршалот на парадата, Метрополитен полицијата, пожарникарите со музејски возила, воените бендови на американската авијација, морнарица и маринците, ирските музички групи и училиштата за традиционалните ирски танци.

Свети Патрик заштитникот на Ирска бил имигрант, па прославата на неговиот ден е и прослава на создавањето на Америка како земја на доселеници.

„Ако сте Ирец, ова е прекрасен ден. И да паѓа снег и да врне, ова е совршен ден...Зелено пиво и паради и танцување како Ирците...Грејс е Иркиња денеска и можете да видите од капата...“, велат граѓаните кои слават.

На денот на Свети Патрик се одржува и уличен фестивал со храна и ирско пиво во Вашингтон. Оваа година настапија 40 музички групи и 9 диџеи.

Парадата за Свети Патрик почнала да се одржува во Вашингтон од 1971-та година.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник за МРТ од Вашингтон