Кочани

20.000 евра казна за „Пејпер мил“ заради загадување на воздухот

28.12.2020 16:40

Најголемиот аерозагадувач во Кочани, компанијата „Пејпер мил“ заработи казна од 20.000 евра заради тоа што не се извршени соодветни измени во системот со кој требаше да се минимизира загадувањето на воздухот. Освен паричната казна, Државниот инспекторат за животна средина ја обврза компанијата да инвестира во вреќест филтер кој ќе доведе до повеќекратно намалување на емисиите на штетни гасови...

Казна од 20.000 евра, вградување на вреќест филтер до 15-ти февруари и чести најавени и ненејавени мерења на концентрациите на ПМ честичките во услови на полна активност на фабриката. Вака одлучи Државниот инспекторат за животна средина за најголемиот загадувач на воздухот во Кочани. Наредното мерење ќе се врши ден пред Нова година, по што ќе се знае дали компанијата ќе продолжи со работа.

„Пејпер мил“ не е единствениот загадувач во Кочани. Голем удел во аерозагадувањето има и палењето на оризовата слама по жетвата, вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Заради енормната загаденост на воздухот во период од скоро две години, во саботата во организација на невладината „Грин орг“ се одржа граѓански протест во Кочани.

 

Славица Величковска