Заев: Попис ќе има и доколку не гласа ВМРО-ДПМНЕ

28.12.2020 16:47

Власта и опозицијата сѐ уште се натегаат околу пребројувањето. Премиерот Заев вели дека попис ќе има, гласала ВМРО-ДПМНЕ или не. Опонентите не го менуваат ставот дека за да има валиден процес, потребна е опрема што ќе покажува отпечаток од прст...

Попис ќе има на пролет и доколку опозицијата не глас за законот, вели премиерот Заев. Етнички калкулации нема да се случат, вели Заев со одговор дека законот ќе попишува три категории на граѓани. Пописот треба да се реализира во април, бидејќи наесен треба да се одржат локалните избори, а 2022-та е доцна.

Од ДУИ велат дека сите политички партии доставиле конкретни барања за да се подобри текстот на законот и новиот предлог- закон е процесуиран до Собранието.

Од опозициската партија ВМРО- ДПМНЕ реагираат бидејќи забелешките не се прифатени. Оттаму сметаат дека треба да има јавна постапка за набавка на печат од прст. Според нив, не важи образложението на Владата дека овој модел на попис е скап.

Собранието го стави во процедура Законот за попис на населението со дополнет текст. Новиот Предлог е по брза постапка. Опфатени се некои забелешки на опозицијата, а за некои, парламентарното мнозинство смета дека ќе го одложат усвојувањето на законот.

Дијана Ценевска