Институт за јавно здравје

Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати од Ковид-19

29.12.2020 10:11

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 декември 2020 година, регистрирани сe 3.372 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 35 градови во државата, што претставува намалување од 26,5% во однос на минатата недела...

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 декември 2020 година, регистрирани сe 3.372 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 35 градови во државата, што претставува намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Во истиот период тестирани се вкупно 13.123 материјали, за 15,9% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Процентот на позитивни од тестирани случаи изнесува 25,7%, што пртеставува намалување од 3,6%  во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. По добиени 2 негативни теста, како оздравени се водат 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незачително помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 23 града, 30 помалку или 18,9% помалку  во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 105 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години и 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години.