Владата ќе ја одржи 35-тата седница
На седницата, на предлог на Министерството за финансии, Владата ќе го разгледа Предлог-законот за буџети со кој се уредуваат постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје и известување за извршувањето на истите.

Денеска со почеток во 12 часот, преку видео- конференциска врска, Владата ќе ја одржи редовната 35-та седница.
На седницата, на предлог на Министерството за финансии, Владата ќе го разгледа Предлог-законот за буџети со кој се уредуваат постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје и известување за извршувањето на истите.
Од истото Министерство, на дневен ред за разгледување е и Информацијата за подготвителниот состанок со Делегацијата на Европската Унија за Програмата на економски реформи 2021- 2023 година.
Пред министрите за разгледување ќе се најде и Информацијата за усвојување на ревидирана единствена листа на проекти, усогласена со Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за Западниот Балкан, на предлог на Секретаријатот за европски прашања.
