ЕУ: Неделава инвестициски пакт со Кина

29.12.2020 10:45

Со пактот компаниите ќе добијат подобар пристап до пазарот на спротивната страна и подобри услови за конкуренција. Разговорите за инвестициската спогодба почнаа во 2014 година, но беа запрени поради серија прашања.

ЕУ и Кина се очекува неделава да склучат инвестициски договор. Со пактот компаниите ќе добијат подобар пристап до пазарот на спротивната страна и подобри услови за конкуренција. Разговорите за инвестициската спогодба почнаа во 2014 година, но беа запрени поради серија прашања.

Според медиумите, зголемените тензии на релација Вашингтон-Пекинг придонесле Кина да го смени ставот. Договорот со ЕУ следува по трговскиот договор којшто Брисел го склучи со Лондон за периодот по Брегзит.