САД

Бајден го обвинува Трамп за уништување на безбедносните служби

29.12.2020 11:33

Демократите го обвинуваат републиканецот Доналд Трамп за недостиг од ресурси и криење на информации.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден тврди дека актуелната администрација на Белата куќа ги уништила безбедносните агенции. Демократите го обвинуваат републиканецот Доналд Трамп за недостиг од ресурси и криење на информации.

Соработниците на Бајден изјавија дека наишле на отпор во Пентагон и во Министерството за финансии. Висок претставник од одбраната негира дека е запрена соработката со демократите и нагласи дека досега биле обработени над 180 барања за информации.