КОВИД-19

Шпанија ќе прави регистар за луѓето кои нема да се вакцинираат

29.12.2020 12:24

Шпанија ќе воведе регистар за лицата кои одбиваат да се вакцинираат. Податоците ќе ги сподели со земјите членки на Унијата- изјавија здравствените власти. Земјата е едно од жариштата на ковид на стариот континент...

Шпанија ќе воведе регистар за оние кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19. Податоците ќе се делат со другите земји-членки на Европската унија, но до нив нема да имаат пристап јавноста и работодавците.

Меѓународните организации, особено европските, препорачуваат да имаме вакви податоци, да делиме информации за фармацевтскиот надзор и процесот на вакцинација. Луѓето на кои им е понудена медицинска терапија и од некој причина ја одбијат истата, ќе бидат евидентирани во досие за да се знае дека не се работи за некаква грешка во системот поради која лицето не добило можност да се вакцинира“, изјави Салвадор Ила, министер за здравство на Шпанија.

Шпанија е една од европските земји кои се соочија со задоцнета испорака на вакцината на „Фајзер“ поради проблеми со транспортот и температурата на која се чуваат. Шефот на европската дипломатија Џозеп Борел ја обвини Русија за ширење дезинформации за конкурентските производи со цел да ги распродаде своите дози од „Спутник 5“. Москва ги негира овие тврдења и возврати дека против неа се води кампања од западните земји.

Во меѓувреме, Иран почна со клиничко тестирање на својата вакцинна. Поради американските санкции, увозот на достапните произовди е оневозможен.

Здравствените власти и натаму инсистираат да се почитуваат сите мерки.

Единствениот начин да се блокира трансмисијата е да го спречите вирусот да не се префрли од туѓиот назофаринкс кај вас. Тоа значи, седете дома, работете од дома, подучувајте ги децата дома доколку можете и смеете. Носете маска меѓу луѓе, одржувајте растојание. Колку и да ви звучи здодевно, драконски строго и непријатно, издржете уште неколку месеци додека дојдете на ред за вакцина“, вели Дени Алтман, професор по имунологија.

Битката со новиот коронавирус ја загубиле 1,77 милиони лица на глобално ниво.

 

Маја С. Филдишев