Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Хрватска
29.12.2020 13:10
Епицентарот е во близина на Петриње, 45 километри југоисточно од Загреб.

Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Хрватска. Епицентарот е во близина на Петриње, 45 километри југоисточно од Загреб.
Земјотресот беше почувствуван и во Србија и Босна и Херцеговина – се тресеше во Белград и Бања Лука, Сараево, Краина и Зеница.
