44 кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања почна со интервјуа на кандидатите за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени 44 кандидати...

44 кандидати се пријавиле за членови во Комисијата за заштита од дискриминација, која со новиот закон треба да функционира како независно професионално тело кое ќе ги штити и ќе носи одлуки во корист на граѓаните. Во Собранието – јавна расправа. Кандидатите одговараа на поставени прашања за нивното искуство во оваа област, како и за нивните планови за подобрување на состојбите.
Мрежата за заштита од дискриминација побара од Собранието при изборот да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово- балансирано учество и избор на лица кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии.
Комисијата за заштита од дискриминација ќе биде составена од седум члена.
Марина Стојанова- Тонева
