Итно решение за откупот на тутунот или стопирање по Нова година
Сѐ уште нема реален откуп, се купува класа подолу, а цената не мрднала од 167денари, и покрај сите ветувања и заклучоци со откупувачите, со Минситерството за земјоделство и премиерот. За тутунарите ова е краен момент да се реши ситуацијата која може да ескалира. Ако не, по Нова година ќе се запре откупот и ќе се повлечат поверениците...
Доколку не се подобри откупот на тутунот во наредните два дена, во првиот работен ден од Новата година, поверениците од вагите ќе се повлечат, откупот ќе запре. Ова е заклучокот на Сојзуот на земјоделски здруженија на Македонија и на Иницијативниот одбор на тутунарите. Ништо не е решено и покрај ветувањата, заклучоците, средбите со откупувачите, со Министерството за земјоделство и со премиерот. Тутунот се откупува за класа подолу, просечната цена не мрднала од 167 денари.
Незадоволството останува, а откупувачите манипулирата со производителите. Се појавува ситуација кога се цени втора класа, за откупните фирми нема проблем, а ако тутунарот инсистира на првата класа, тогаш го одбиваат со образложение дека има влага. За тутунарите, решението е во институциите и во државата.
Лани до овој момент биле откупени 19.000 тони со просечна цена од преку 220 денари, годинава само 4.500 тони по цена од 167 денари. За тутунарите најбитно е брзо решение.
Елизабета Митреска
