Продолжува потрагата по мистериозно исчезнатиот авион на „Малезија ерланјс“

17.03.2014 10:25

Последните информации велат дека е можно леталото својот последен сателитски сигнал да го испратило од копно. Министерот за транспорт на Малезија изјави дека потрагата сега станала уште покомплицирана, бидејќи ќе се трага на копно низ 11 земји, и во подлабоките делови од океаните. Вниманието е свртено и кон екипажот и аеродромскиот персонал ,  откако беше потврдено дека авионот бил киднапиран.

Последните информации велат дека е можно леталото својот последен сателитски сигнал да го испратило од копно. Министерот за транспорт на Малезија изјави дека потрагата сега станала уште покомплицирана, бидејќи ќе се трага на копно низ 11 земји, и во подлабоките делови од океаните. Вниманието е свртено и кон екипажот и аеродромскиот персонал ,  откако беше потврдено дека авионот бил киднапиран. Шефот на националната полиција изјави дека се проверува потеклото и историјата на сите патници на авионот и до сега нема ништо сомнително, иако некои странски служби за разузнавање допрва треба да ги испратат бараните информации до малезиските власти.