Регион

Нови потреси во Хрватска, седуммина загинати

30.12.2020 09:50

Хрватското тло не мирува. По вчерашниот силен земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, централните делови на земјата утрово беа погодени од два нови потреси во областа Петриња, со интензитет од 4, 7 и 4,8 степени. Животот го загубија седум луѓе, меѓу кои и 12- годишно девојче...

Не се смирува тлото во Хрватска. По вчерашниот силен земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, централните делови на земјата рано изутрината беа погодени од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со интензитет од 4,7 и 4,8 степени според Рихтер.

Животот го загубија седум луѓе, меѓу кои и 12- годишно девојче.

Сочувствуваме со семејствата кои ги загубија своите блиски. Знаеме дека нема зборови освен искрено сочувство, бидејќи загубата на саканите во ваква катастрофа е како да преживувате пекол“, изјави Даринко Думбовиќградоначалник на Петриња.

Го загубив својот дом. Не можам да зборувам.“

Нашата куќа нема покрив. Само ѕидови. Целата е оштетена, напукната. Не се осмелувам да влезам внатре“, велат жители на Петриња.

Болниците се преполни со повредени, а има и голем број на луѓе кои останаа без покрив над главата.

Епицентарот е близу Петриње каде и најмногу се почувствувал земјотресот. Ова е најсилниот земјотрес во Хрватска последните 140 години.

Земјотреси со јачина од 6,2 степени се случиле на 2 јануари 1906 година во Кашина кај Загреб. Најсилниот земјотрес е регистриран на црногорското крајбрежје во 1979 година. Неговата јачина беше 7 степени според Рихтеровата скала, но епицентарот беше надвор од хрватска, а делумно го погоди и Конавле во Хрватска.

 

Марина Ристова