МНР: Нема информации за повредени или загинати Македонци во земјотресот во Хрватска

30.12.2020 10:06

Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека немаат информација за наши граѓани кои се повредени или загинати во разорниот земјотрес. Отворен е телефонски број на кој сите засегнати можат да се јават за евентуална помош.

Македонската Влада на вчерашната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска. Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно со потребите, вели премиерот Заев.

Тој до колегата Пленковиќ и до сите граѓани на Хрватска погодени од земјотресите, во име на нашата земја изрази сочувство.