Пратенички прашања во Собранието
30.12.2020 10:09
Како што најави спикерот Џафери, седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица...

На дневен ред на денешната 27-та седница на Собранието е поставување пратенички прашања.
Како што најави спикерот Џафери, седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица. Секое трето прашање ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ.
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и наименувањата и Законодавно-правната комисија.
