Велика Британија одобри употреба на вакцините на Оксфорд и на АстраЗенека
30.12.2020 10:15
Велика Британија порачала 100 милиони дози доволни за вакцинирање на 50 милиони луѓе.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок, рече дека вакцината на Оксфорд - АстраЗенека е одобрена за употреба. Дистрибуцијата ќе почне на 4 јануари и ќе се забрза во првите неколку недели од следната година.
Велика Британија порачала 100 милиони дози доволни за вакцинирање на 50 милиони луѓе.
Одобрувањето од регулаторот на лековите, значи дека вакцината е безбедна и ефикасна.
