Казнети 184 возачи во Скопје, 15 возеле без дозвола

30.12.2020 10:24

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за непрописно престројување, 11 за непрописно престигнување, 16 за користење на мобилен телефон и 5 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање, а 44 возила се подигнати со „пајак“.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.