Бајден: Периодот што следува ќе биде најтежок

30.12.2020 11:25

Најави дека во првите 100 дена од неговиот мандат, откако ќе ја преземе должноста на 20 јануари планира да дистрибуира сто милиони дози вакцини.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека периодот што следува ќе биде најтежок во досегашната криза предизвикана од Ковид-19.

Најави дека во првите 100 дена од неговиот мандат, откако ќе ја преземе должноста на 20 јануари планира да дистрибуира сто милиони дози вакцини.

Бајден додаде дека планот на администрацијата на претседател Доналд Трамп доцни со дистрибуцијата на вакцини.