Хрватска

Не стивнува тлото во Петриња

30.12.2020 13:06

Централните делови на Хрватска изутрина погодени од нови потреси со епицентар во Петриња. По вчерашниот силен земјотрес од 6,2 степена по Рихтер, животот го загубија седуммина. Стравот е голем, велат жителите на Петриња кои ноќта по разорниот земјотрес ја минаа на отворено. Владата на Хрватска го прогласи 2-ри јануари за ден на жалост...

Не стивнува тлото во Хрватска, по вчерашниот силен земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, централните делови на земјата рано изутрината беа погодени од нови потреси со епицентар во областа петриња. Голем дел од граѓаните ја минаа ноќта во шатори под ведро небо. Велат - стравот е голем.

Имавме неколку земјотреси. Во куќата влегувавме само заради контрола, да видиме дали има дополнителна штета. Ноќта беше тешка. Спиен сум можеби половина час.

„Тоа беше непроспиена ноќ. Згора на се врнеше и дожд. Ова е незапаметено.  Избегав од мојот стан, отидов кај брат ми. Неговата куќа е постабилна. Од она што го гледаме во градов, не знам уште што да очекувам.“

Пред малку се случи еден потрес, веројатно го почувствувавте и вие. Спиев во мојот автомобил“- велат жители на Петриња.

Болниците се преполни со повредени, а многумина за неколку мига загубија речиси сѐ.

Го загубив својот дом. Не можам да зборувам.“

Нашата куќа нема покрив. Само ѕидови. Целата е оштетена, напукната. Не се осмелувам да влезам внатере.“

Сочувствуваме со семејствата кои ги загубија своите блиски. Знаеме дека нема зборови освен искрено сочувство бидејќи загубата на саканите во ваква катастрофа е како да преживувате пекол“, изјави Даринко Думбовиќградоначалник на Петриња.

Пет училишта се целосно уништени на подрачјата на Сисак, Глина и на Петриња, девет ќе можат да се санираат. Владата на Хрватска го прогласи 2-ри јануари за ден на жалост.

Ова е најсилниот земјотрес во Хрватска последните 140 години. Земјотреси со јачина од 6,2 степени се случиле на 2 јануари 1906 година во Кашина кај Загреб. Најсилниот земјотрес е регистриран на црногорското крајбрежје во 1979 година.

 

Марина Ристова