Економија

Прилепските компании релативно стабилно ја пребродија годинава

30.12.2020 13:50

Прилепското стопанство релативно стабилно ја преброди годинава, заклучуваат од Регионалната комора. Одредени сектори ги пренесувата последиците во новата година, која колку е надежна толку е и голем предизвик...

Прилепското стопанство, во глобала, покажа одредена стабилност соочувајќи се со пандемијата и последиците. Првата половина беше катастрофална, но второто полугодие ги отвори бариерите. Стопанствениците планираат претпазливо. Ова е резимето на годинава на прилепскиот бизнис сектор. Најголеми проблеми, очекувано, имаа текстилниот, угостителскиот сектор и помалите компании. Етаблираните компании ги следат стопанските движења.

За градежниот сектор, пандемијата ги изостри недостатоците. Годината беше една од најлошите. Остана нееднаквоста на пазарот, но и бирократските пречки-  мислена именка е да се стигне до градежна дозвола со месеци.

В година европскиот пазар ќе бара добавувачи од овие простори, а прашањето е колку може да се одговори на предизвикот. Изненадувачки е порастот на цените на репорматеријалите што може да ги поскапи производите. Државата треба да ја одигра улогата во поддршката.

Стопанствениците од Пелагонискиот регион под итно бараат добра инфраструктура и прашуваат кога ќе им биде на располагање експресниот пат до Скопје.

 

Елизебата Митреска