Маричиќ: Довербата во правната држава може да се врати само преку ефикасно судство и јавно обвинителство
Довербата во правната држава може да се врати само преку ефикасно судство и јавно обвинителство, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Вели, должни сме да го следиме процесот на реформирање, а не да се прави притисок врз судството и обвинителството. За проверка на работата на правосудството, Судскиот совет донесе клучни документи за спроведување ветинг на судиите...

Довербата во правната држава може да се врати само преку ефикасно судство и јавно обвинителство, дециден министерот за правда Бојан Маричиќ. Тврди дека се поставени здрави основи кои нема да придонесат за чистка, туку ќе се постапува еднакво за сите. Првиот човек на правда со став, должни сме да го следиме процесот на реформирање, не да се прави притисок врз судството и обвинителството.
Процесот на прочистување во правосудството ќе се спроведе преку Судскиот совет и државното Јавно обвинителство. Јавниот обвинител Љубомир Јовески посочи дека во минатиот период обвинителството повело дисциплински постапки против петмина обвинители. Има нови правила и прописи во оценувањето, а ќе се применуваат од 2021-ва. Тврди дека нема да се злоупотреби правилникот.
Неодамна за проверка на работата на правосудството, Судскиот совет донело клучни документи за спроведување ветингот на судиите.
Според надлежните, методологијата за квалитативно оценување ќе ја зголеми довербата на граѓаните. Велат- ниту пратеници, ниту претседатели на судови нема да бидат исклучени од постапките за утврдување на одговорност.
Наташа Гркова- Петрушевска
