Сместувачките капацитети во Дојран полни за празниците

30.12.2020 15:47

Дојран со полни сместувачки капацитети за новогодишната ноќ. Општинските власти велат дека нема да дозволат групирања, полицијата ќе остане будна, а граѓаните ќе мора и утревечер да ги почитува превентивните протоколи кои налагаат забрана за групирање...

Сместувачките капацитетите во Дојран исполнети. Вилите кои имаат услови да затоплат, ги издадоа апартманите уште пред две недели, а хотелиерите велат дека интерес за дочек на новогодишната ноќ имало и оваа година, иако сликата е поразлична од другите години. Усвоената уредба за времето на работа на рестораните во хотелите, сепак ќе ги остави гостите да ја дочекаат 2021-ва во хотелските соби.

Општинските власти ќе останат будни, и во соработка со институциите и МВР ќе ја следат ситуацијата. Градоначалникот Ангов вели дека ќе мора да се почитуваат протоколите и мерките прпишани од здравствените власти.

Полициските екипи ќе патролираат во Дојран. Ќе влегуваат по домови и викендици и ќе ги растураат новогодишните забави. Од МВР беа децидни дека никој нема да биде изземен од одговорност доколку организира журки и забави со групирањаа новогодишната ноќ.

 

Стојне Митева