Историски момент, Брисел го потпиша Брегзит
Лидерите на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен и Шарл Мишел го потпишаа Договорот за трговија и соработка со Велика Британија по Брегзит. Велика Британија и ЕУ на 24 декември постигнаа трговски договор.
Лидерите на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен и Шарл Мишел го потпишаа Договорот за трговија и соработка со Велика Британија по Брегзит. Велика Британија и ЕУ на 24 декември постигнаа трговски договор.
„Ова беше долг пат. Сега е време да го оставиме Брегзит зад нас. Нашата иднина е создадена во Европа“, порача претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека „сега е време за ново поглавје и нови односи“ меѓу ЕУ и Велика Британија, а главниот преговарач на ЕУ во разговорите со Лондон, Мишел Барние им се заблагодари на преговарачките тимови од двете страни, како и на институциите на ЕУ, за „посветеноста и довербата“.
Договорот е постигнат една недела порано пред крајот на транзицискиот период на Брегзит, односно конечното излегување на Велика Битанија од ЕУ.
