Првите дози од вакцината на „Фајзер“ пристигнуваат во февруари

30.12.2020 18:23

Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април.

Во февруари пристигнуваат првите дози на вакцината на „Фајзер“, соопшти Министерството за здравство. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април.

Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата, велат од Министерството и информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.