Нова година

Наместо на плоштад, ќе се слави во домовите- да празнуваме одговорно!

31.12.2020 10:11

Доаѓа новата 2021-ва година. 2020-та ќе остане запаметена по пандемијата со Ковид- 19 која однесе милиони животи. Наместо дочек на плоштад, скопјани ќе слават со семејството во домовите...

Изминува 2020-та година, која ќе остане запаметена по Ковид-19 кој предизвика пандемија што однесе милиони животи. Наместо традиционалната прослава на плоштад, скопјани Новата година ќе ја дочекаат во домашна атмосфера.

Рестрикциите забрануваат организиран дочек на Новата година, а епидемиолозите предупредуваат на строго почитување на протоколите за заштита на задравјето. Во спротивно е неизбежен нов скок на бројот на заболени со Ковид- 19.

Празнувајте одговорно – носете маска, не се групирајте, не славете, туку скромно одбележете, е пораката што последните денови, па и недели постојано ја упатуваат здравствените власти и државниот врв. Апелираат максимално да се почитуваат заштитните мерки и со нашето однесување да ги поддржиме оние што се на првата борбена линија против корона вирусот – лекарите, медицинските работници, Армијата, полицијата и инспекциските служби.

Слична порака упатуваат и верските заедници. Порачуваат да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири.