Започнува зимскиот распуст

31.12.2020 10:15

Зимскиот распуст е во истиот период како и минатите години, иако имаше барања да почне предвреме, но не беа прифатени...

Основците и средношколците од денеска се на зимски распуст. Ќе трае до 20-ти јануари, а веќе наредниот ден учениците ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020-2021, некои во училишните клупи, а повеќето пред ИТ- уредите. Зимскиот распуст е во истиот период како и минатите години иако имаше барања да почне предвреме, но не беа прифатени, затоа што повеќето од учениците наставата ја следат онлајн, а кај оние со физичко присуство, како што информираше Министерството за образование, заразени ученици и наставници има под еден процент, а училиштата не се преносители на вирусот.

Годинава првото полугодие траеше пократко, три месеци, зашто согласно со измените на календарот за организација на работата на основните и средните училишта, почна еден месец подоцна. Наместо 180 имаше само 159 наставни денови.