Индустриското производство во ноември пониско за 4%
31.12.2020 13:07
Падот се должи на намалувањето на производството на прехранбени и тутунски производи, облека, метали.

Индустриското производство во земјава во ноември годинава е пониско за 4 проценти во однос на истиот месец лани. Според државната статистика по сектори, преработувачката индустрија бележи пад од 6,2 насто, додека рударството има пораст од 8,7 проценти.
Падот се должи на намалувањето на производството на прехранбени и тутунски производи, облека, метали.
Индексот на индустриско производство за 11-те месеци од ова година споредено со истиот период лани е помал за 10,6 насто.
