2020- тешка година за уметниците
Пандемијата предизвика проблеми и во работата на врвните уметници. Одложени проекти, редуцирани репертоари, откажани претстави, настап пред мала публика и работа според медицински протоколи. Но, со надеж дека во 2021-ва кризата ќе биде минато, уметниците веќе работат на идни проекти...

Игор Киров од Штип, балетски уметник и кореограф со меѓународна репутација е на крај од директорскиот мандат во Балетот на Хрватското Народно Казалиште во Сплит, Хрватска. Тамошната јавност вели дека ќе биде запаметен по издигнување на овој ансамбл за неколку скалила погоре, а тој вели - ова беше тешка година за уметниците.
2021-ва планира да ја заврши балканската танцувачка претстава „Сви марш на плес“ и да го постави на сцена „Кралот Едип“ по повод седум деценискиот јубилеј на театарот во Штип. Пандемијата вели, е голема лекција за сите, научивме дека многу битни нешта може да се случат преку ноќ, но и дека здравјето нема цена.
Елена Голомеова од Штип, оперска дива, сопран со успешна кариера во Франција, настапи низ европските оперски сцени, но и солист на Македонската опера и балет, вели зад себе остава тешка година на професионален и приватен план, но со надеж и оптимизам влегува во новата.
Голомеова во Ница, Франција работи на подготовка на операта „Свадбата на Фигаро“, а на почетокот на јануари ќе има настап во Македонската опера и балет.
Славица Величковска
