Што му прават празниците на нашиот мозок
Нашиот мозок е постојано изложен на разни стимулации и реагира во зависнсот од надворешните дразби. Празничната еуфорија делува на мозочните клетки и неврони позитивно, стресно или кај некои дури и негативно.

Нашиот мозок е постојано изложен на разни стимулации и реагира во зависнсот од надворешните дразби. Празничната еуфорија делува на мозочните клетки и неврони позитивно, стресно или кај некои дури и негативно.
Научниците од Универзитетот во Копенхаген истражувајќи ја мигрената, забележале дека одредени центри во мозокот се активираат кога има празнични содржини наоколу.
Што му прават празниците на мозокот? На пример добивањето подароци е убава работа, а мозокот реагира и создава пријатно чувство. Тоа е всушност убававината на подарувањето и чувството дека на другите им се помага. Човекот што подарува и самиот си ја поткрева важноста и самодовербата дека прави нешто добро.
Човек опкружен со семејството за време на празниците тогаш согледува колку е благодарен за она што го има, за сите важни луѓе во неговиот живот и колку му значат, колку радост му причинуваат...
Благодарноста е наградена со великодушност и така се одржува кругот на здравото социјално однесување, велат психолозите. Но празниците не се исполнети само со љубов и семејно дружење, туку и со стресови како што се купувањето, патувањата, подготовката на храна во одреден рок, како и грижата за пари.
Едно истражување што го направила американската Асоцијација на психолози пред 10 години вели дека 8 од 10 американци се под стрес за време на празниците, што ги прави раздразливи, нервозни и кавгаџиски расположени. Напнатоста дека не може да се постигне се создава непријатно чувство на неспособност....
Губењето на смислата за очекуваната радост преминува во незадоволство и разочарување. Желбата за слатка храна е во ред ако е поретка зашто стимулира одреден центар во мозокот за задоволство од наградувањето, но постојаното конзумирање шеќери го намалува задоволството и поттикнува на постојана нездрава желба за шеќери.
Причината за зимската тага и депресија и за време на празниците се јавува кај некои луѓе поради осаменост. Еуфоријата ги нервира, зашто нема со кого да споделат радост. Но, освен тоа причина за лошо расположение може да биде и сезонското афективно нарушување, форма на клиничка депресија која се појавува во земските месеци зашто нема доволно сончева светлина, како и постојаниот престој во затворени простории, без доволно кислород...
Бидејќи човечкиот мозок е многу флексибилен, секој свесен човек што се грижи за физичкото и менталното здравје треба да направи чекор кон некаква промена, да го ангажира мозокот со некоја нова содржина, да посети ново место, да запознае нови луѓе, макар и да го промени вообичаениот пат до дома.
Поголем физички напор му дава повеќе енергија и на мозокот. Вежби за активирање на левата и за десната хемисфера носат баланс, поголема креативност поголема концентрација и подобро расположение.
Затоа не им се препуштајте само на старите навики. Излезете од зачауреноста макар и со мал чекор, за да си го направите поубав и денот и животот.
Соња Стојановска
