Се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19
Осум пациенти на возраст од 61 до 79 години вчера ја загубија битката со Ковид-19, а со тоа бројот на починати во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 2.500 случаи.

Постепено се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19, иако бројот на направени тестирања е помал во однос на претходните денови. Завчера од 378 тестирања беа регистрирани 46 нови случаи, а вчера од 1.525 тестови – 237 новозаболени. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на оздравени пациенти е речиси двојно поголем од оној на новозаболени. Во моментов во земјава се регистрираат 18.565 активни случаи.
Осум пациенти на возраст од 61 до 79 години вчера ја загубија битката со Ковид-19, а со тоа бројот на починати во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 2.500 случаи.
Вкупно 911 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. На инфективните одделенија во главниот град се лекуваат вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
