Во Велика Британија почнува имунизација со вакцината на Оксфорд и АстраЗенека

04.01.2021 11:12

Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози.

Во Велика Британија од денеска почнува да се користи вакцината против Ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд.

Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози.

Ова е клучен момент во нашата борба против овој ужасен вирус и се надевам дека дава нова надеж оти се гледа крајот на оваа пандемија, истакна британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Минатиот месец Велика Британија, прва земја во светот, почна со употреба на вакционата на Фајзер и БиоНтек, која мора да се чува на многу ниска температура. Досега таа вакцина ја примиле околу еден милион Британци.

Вакцината Оксфорд и АстраЗенека е поевтина и може да се чува во фрижидер, па поради тоа полесно се транспортира и користи.