Почна увидот за причините за пожарот во струмички „Глобал“
Општинските власти заедно со централната власт свесни за потребата од опрема, возила и доопремување на Територијалната противпожарна единица во Струмица. Велат дека веќе се прави стратегија за подобрување на сликата.
Започна истрагата за причините за пожарот во трговскиот центар „Глобал“. Јавниот обвинител заедно со увидите екипи влегоа во опожарениот објект.
Утрово пожарникарски сирени повторно ги вознемирија струмичани, денес во старата памучна, се запалил оџак на еден деловните објекти.
Општинските власти заедно со централната власт свесни за потребата од опрема, возила и доопремување на Територијалната противпожарна единица во Струмица. Велат дека веќе се прави стратегија за подобрување на сликата.
И денес централното градско јадро под целосна блокада. Половина град е без интернет и телевизија, оти еден од кабловски операторите е сместен во опожарениот објект.
Стојне Митева
