Тутунарите повторно на протест пред Владата
Револтирани од начинот на проценка и откупот на жолтото злато, тутунарите повторно на протест пред Владата. Иако на последната средба со премиерот им биле ветени укинување на четвртата класа и повисоки откупни цени, се случува спротивното, велат од Здружението на тутунари. Бараат нова средба со премиерот Заев и министерот за земјоделство Хоџа...

Незадоволни од ниската откупна цена и лошата проценка, тутунарите пред владата го запалија родот. Велат дека премиерот и ресорниот министер не ги исполниле ветувањата. Побараа линеарно зголемување на субвенцијата за тутун и 100 денари по килограм предаден тутун за сите четири класи.
Вишок тутун нема, Македонија е полна со надворешен увоз, велат тутонопроизводителите. Бараат да се повлече новиот закон, кој според нив ги фаворизира откупувачите.
Поддршка на тутунарите и од здруженијата на лозари и градинари.
Пред нова година, Здружението на тутунари на средбата со премиерот Заев добиле ветување дека просечната откупна цена ќе биде 180 или 190 денари и ќе се вложат напори за укинување на четвртата класа која влијае на крајната цена на жолтото злато.
Наташа Гркова- Петрушевска
