Царовска: Ниту еден наставник нема да остане без работа
Ниту еден наставник нема да остане без работа, изјави министерката Царовска. Вели дека не е сама во стратегијата за реформа на образованието. Голем дел од академската јавност и од наставниците стојат позади оваа концепција. Второто полугодие ќе продолжи со хибридниот модел на настава на 21 јануари...

Ниту еден наставник нема да остане без работа. За разлика од претходните концепти коишто се менуваа радикално и внесуваа промена во сите девет одделенија наеднаш, сега ќе одиме полека и етапно за да загарантираме квалитет - рече министерката за образование и наука, Царовска. Вели дека не е сама во стратегијата за реформа. Според неа, голем дел од академската јавност и од наставниците стојат позади концепцијата.
Самиот поим на интегрирање и на меѓуресорска соработка за нас не е ништо ново - рече деканот на Природно-математичкиот факултет. Вели дека се развила дискусија меѓу наставниците, но таа не водела кон одбивање на овој предлог. Критичкиот тон, според него, само ги посочува можните опасности.
Наставата во второто полугодие ќе продолжи како и во првото, со хибридниот модел на настава, рече министерката Царовска. Со физичко присуство за учениците од прво до трето и онлајн настава за погорните одделенија. Истакна дека над 90 проценти ученици имале успешна онлајн настава, со помалку од 1 процент активни случаи на Ковид-19 кај наставниците и учениците кои посетуваа настава со физичко присуство. Второто полугодие стартува на 21 јануари.
Александра Спировска
