Увид за причините за пожарот во „Глобал“
Инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување и јавен обвинител влегоа во трговскиот центар „Глобал“ за да ги утврдат причините за пожарот во објектот. Пазарџиите чии тезги беа уништени ќе можат да работаат на друга локација...

Јавното овинителство заедно со увидните екипи од утрово се на терен, влегоа во опожарениот објект со цел да се наприви првичен увид кои се причините и како настанал пожарот во „Глобал“. Струмичани кои поседуваа тезги во отворениот пазар со здружени сили денес започнуваат со постапка за формирање на здружение, кое преку правниот систем ќе бара разрешница.
Од ЈП Комуналец велат дека дека на пазарџиите им се овозможува пристап до пазарот „Чешел“ на отворено додека штетите не се санираат во „Глобал“.
Пазарџиите можат да продаваат на пазарот, ама дуќанџиите засега остануваат без пристап до „Глобал“ сѐ додека не заврши увидот.
Утрово пожарникарски сирени повторно ги вознемирија струмичани. Во „старата памучна“ се запалил оџак на еден од деловните објекти, а пожарникарите веднаш реагираа со две противпожарни возила. Пламенот за кратко беше локализиран.
И денес централното градско јадро под целосна блокада. Половина град е без интернет и телевизија, оти еден од кабловски операторите е сместен во опожарениот објект.
Стојне Митева
