Тутун

Откупот продолжува, се бара поголема динамика

04.01.2021 15:47

Има интерес за откуп на тутунот. Откупот продолжува, отворени се сите пунктови. Тутунарите од прилепско и од Сојузот на земјоделските здруженија бараат зголемена динамика и ги охрабруваат тутунарите да пријават нереална процена.

Продолжи откупот на тутунот и сите пунктови во земјава се отворении, констатираат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, а потврдуваат од земјоделскиот инспекторат. Дождот малку ја забави кампањата, но се купува. Се очекува денеска да се преземат преку 500 тони.

Тутунарите се заинтересирани да им се откупи родот, ама реално. За некои реално се цени, а од долненско каде родот е преку 8.000 тони бараат да се зголеми динамиката. Досега се купени само 500 тони. Има и нереален откуп.

Од Сојузот инсистираат се преземе и вишокот од околу 2.500 тони како што е договорено. Од 23.000 тони досега се купени близу 6.300 по просечна цена од 166,8 денари.

 

Елизабета Митреска