Дамјановски и Смилевски кандидати за претседател на ДПМ
17.03.2014 11:16
Јован Дамјановски и Веле Смилевски се кандидати за претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Според Статутот на ДПМ, тие со програми ги најавија своите кандидатури за кои членовите на македонската писателска асоцијација ќе решаваат на Изборното собрание закажано за 5 април.
За функцијата претседател на Собранието на ДПМ своите кандидатури со програми ги најавија Гоце Ристовски и Раде Силјан.

Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, на 5 април, највисокиот собир на македонските писатели ќе избира и Претседателство на ДПМ, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.