Објавен списокот на фирми што зеле државна помош, а не исплатиле плата

05.01.2021 10:14

УЈП веќе испрати последни опомени до фирмите. Имаат рок од една недела да им ги префрлат парите на работниците. Доколку не ги намират обврските, ќе се врши присилна наплата.

Објавен списокот на фирми што зеле државна помош, а не исплатиле ноемвриски плати. Околу 200.000 евра останале кај сопствениците на 245 компании, на штета на 782 вработени.

УЈП веќе испрати последни опомени до фирмите. Имаат рок од една недела да им ги префрлат парите на работниците. Доколку не ги намират обврските, ќе се врши присилна наплата.

Најголем дел од фирмите кои не ги исплатиле ноемвриски плати се од Скопје – 73, слeдува Тетово со 21 и Гостивар – 10. Најмногу се од секторот трговија на мало, а потоа следуваат дејностите поврзани со храна и транспорт.