20 години дипломатски односи меѓи Македонија и Словачка
17.03.2014 11:25
По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Словачката Република, денеска, во црквата “Св. Софија“ во Охрид, ќе се одржи пригоден културен настан под покровителство на Претседателот на Република Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи и Министерството за култура на Република Македонија и на Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија.

Настанот вклучува свечената промоција на „Прогласот“ на Константин Филозоф Св. Кирил, значајно тријазично дело, со делови на старословенски, словачки и македонски јазик и изложба „1150 години од доаѓањето на Константин и Методиј на територијата на Република Словачка“.
На настанот ќе присуствуваат покровителот, претседателот, д-р Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска, претставници на други државни институции, на научната и академската средина, претставници на дипломатскиот кор, на локалната власт од Охрид, на црковните власти, Амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак, како и голем број пријатели на Република Македонија и на
Република Словачка.
Предвидено е претседателот Иванов, министрите Попоски и Канческа-Милевска и словачкиот амбасадор Безак да имаат кратки обраќања.