Мексико му нуди политички азил на Асанж

05.01.2021 12:23

Претедателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор ја поздрави одлуката на британскиот суд, и ја опиша како „триумф на правдата“.

Мексиканската влада соопшти дека е подготвена да понуди политички азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж откако британски судија вчера ја блокираше екстрадицијата на Асанж во САД.

Претедателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор ја поздрави одлуката на британскиот суд, и ја опиша како „триумф на правдата“.

Асанж е новинар и заслужува шанса- нагласи Обрадор. Мексико и во минатото обезбедувал политички азил на многу луѓе, вклучувајќи ги Ево Моралес, Августо Сесар Сандино и Леон Троцки.