Само еден процент од населението осигурано до ризици од катастрофи
Мал е бројот на оние кои се осигуруваат за ризици од катастрофи. Населението се јавува во осигурителните компании само после некој поголем потрес, а потоа интересот се намалува. Од компаниите тврдат дека бенефитот од ваква финансиска заштита е многу поголем од цената...

Само еден процент од македонското население е осигурано за ризици од катастрофи како земјотрес, велат од осигурителните компании. Македонија е сместена во медитеранскиот појас и се води како област со висока сеизмичност. Сепак, населението се јавува во осигурителните компании само после некој поголем потрес, а потоа интересот се намалува, велат од осигурителните компании.
Цената на осигурувањето зависи од повеќе фактори. Еден од нив е трусната зона во која што се наоѓа објектот. Дали е изграден од бетон, челик или дрво, исто така влијае врз цената на осигурителното покритие.
Кога граѓаните се осигуруваат од ваков тип на ризици, често пати земаат целосно имотно осигурување, вклучително пожар и други имотни ризици. Бенефитот од ваква финансиска заштита е многу поголема од цената, тврдат од компаниите.
Александра Спировска
