Заев: 2021- година на рестарт и заживување на економијата
Македонската економија е стабилна и динамична, велат од Владата. Оттаму посочуваат дека водењето на економските политики и грижата за луѓето обезбедија стабилност. И покрај предизвиците, годинава фокусот ќе биде на здравствениот систем, гасификацијата, развојот на земјоделството, енергетиката, каде што се предвидува изградба на ветереници, фотоволтаици и гасни централи. Лани се реализирани вкупни даночни приходи од 189,9 милијарди денари. Позитивни бројки и кај капиталните расходи. Преку четирите економски пакети- финансиски средства за спас на работните места...

2021 година ќе биде година на рестарт и заживување на економијата, вели премиерот Заев. Посочува дека кризата е можност да се искористат сите потенцијали. Главен фокус годинава инвестициите во енергетиката и во земјоделството. Преку инвестиции во гасната инфраструктура покрај рускиот, гас, се очекува гас и од Азербејџан, Катар, Америка. Ќе се градат ветерници, 100 проценти домашна инвестиција.
Водењето на здрави економските политики и грижата за луѓето минатата година обезбедија стабилност, велат од Владата. Според министерот за финансии Бесими, вкупните даночни приходи беа реализирани со 189,9 милијарди денари или околу 96 проценти од планираните. Позитивни бројки има и кај капиталните расходи. Преку четирите економски пакети се обезбедија финансиски средства за спас на работните места.
Со Буџетот за 2021 се предвидени за 20 насто повисоки средства и за капитални проекти. Приоритет за годинава ќе биде економското заздравување од Ковид-19, забрзан инклузивен економски раст и развој на човечките ресурси, велат од Владата.
Дијана Ценевска
