Пехар на Ѓоковиќ за АТП прогрес
Намалување на разликата за 1.595 бода, е профитот од пехарот од мастерсот 1.000 во Индијан Велс за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на АТП поредокот. Толкава е бодовната дистанца со лидерот на светската тениска скала Рафаел Надал. Толку пак го чинеше во негатива шпанецот изненадувачката елиминација во третото коло во Индијан Велс од Долгополов.

Настапот во финалето на калифорнискиот терен значеше прогрес за Федерер од 8-та на 5-тата позиција. Во топ 10-тката од 13-тото место влезе и Американецот Изнер кој ги стави сега зад себе Цонга, Раониќ и Хас. Енди Мареј направи мини скокче од 7-мо на 6-то место, праќајќи го таму Бердих.
Кај дамите никакви промени не претрпе ВТА ранкингот, барем за првата 10-ка. И натами далеку пред сите Серена Вилијамс со 12 660 бода, пред На Ли која брои 6 795 и Радванска со 5 705.