Ковид-19

Велика Британија во целосен карантин

05.01.2021 16:06

Поради ширењето на мутираниот коронавирус, Велика Британија во нов шестнеделен целосен локдаун. Рестрикции најави и Шкотска. Премиерот Џонсон рече дека неопходно „новото национално заклучување“ за да се намали екстремниот притисок врз здравствениот систем поради ширењето на коронавирусот.

Поради ширењето на мутираниот коронавирус, Велика Британија во нов шестнеделен целосен локдаун. Рестрикции најави и Шкотска. Премиерот Џонсон рече дека неопходно „новото национално заклучување“ за да се намали екстремниот притисок врз здравствениот систем поради ширењето на коронавирусот.

„Од почетокот на пандемијата минатата година, Обединетото Кралство имаше големи национални напори во борбата против Ковид-19. Нема сомнение дека во борбата против првата варијанта на вирусот, нашите колективни напори функционираа и ќе продолжеа да фунционираат. Но, сега имаме нова варијанта на вирусот, и фрустрирачко е и алармантно да се види брзината со која се шири новиот вид“, изјави Борис Џонсон,  премиер на Велика Британија.

Новите строги мерки кои стапуваат во сила на целата територија на државата се слични на оние кои беа во сила на почетокот на пандемијата во март. Училиштата ќе бидат затворени, како и сите неесенцијални продавници.

„Целосно ја разбирам непријатноста и вознемиреноста што оваа доцна промена ја предизвика кај милиони родители и ученици низ земјата. Правевме сѐ што е во наша моќ да ги задржиме училиштата отворени, затоа што знаеме колку е важен секој ден во образованието за шансите за живот на децата“, рече Џонсон.

„Сакам да го добијам мојот сертификат за средно образование. Вака не знам дали ќе го постигнам она што го сакам“, изјави Камерон Бисел, ученик.

„Не го разбирам ова, навистина“, изјави Лиам Бисел, ученик.

Граѓаните се замолени да останат во своите домови секогаш кога е тоа возможно. Напуштањето на домовите ќе биде дозволено во случај на купување храна и лекови, поради вежбање, пружање помош и нега и одење на лекар.

Полицијата добива законски овластувања за спроведување драконски мерки. Новиот карантин би требало да трае до февруари.

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 86 милиони. И натаму САД предничат по бројот на заразени и починати од последици на Ковид-19. Изминатата недела на секои 33 секунди умирал по еден човек, велат американските здравствени власти. Веднаш зад САД се Индија, Бразил и Русија.

 

Марина Ристова