Инспекциски совет

Се намалува бројот на решенија за изолација

05.01.2021 16:49

За 20 отсто намален бројот на решанија за изолација, за 60 бројот на затворени угостителски објекти, оценуваат од Инспекцискиот совет. Пазарниот инспекторат издал 35 прекршочни пријави. Потсетување дека има забрана и за Бадникарски огнови...

За 20 отсто е намален бројот на решанија за изолација, а за 60 отсто бројот на затворени угостителски објекти, оценуваат од Инспекцискиот совет. Изминатата недела биле спроведени 5.718 надзори и контроли од седумте инспекторати. Пазарниот инспекторат издал 35 прекршочни, 24 решенија за неправилности и 16 платни налози. На самото место затворени пет угостителски објекти. Еден во Струмица, по два во Тетово и Битола.

Инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во следниот период, рече претседателката на Инспекцискиот советс. Уверува на неселективно и навремено санкционирање на сите кои не ги почитуваат протоколите и мерките и го загрозуваат јавното здравје. Посочи дека ќе има проверка и на наводите дека некои министри и јавни функционери во новите простории на Министерството за политички систем не ги почитувале протоколите.

И за вечрва важи забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор. Ова важи, појасни Грашковска и за евентуалните прослави и палење на огнови.

 

Наташа Гркова- Петрушевска