Филипче: Вакцините се безбедни и се единствено оружје против Ковид-19

06.01.2021 16:08

За угостителите се отвора можноста за повторно враќање на старото работно време до 21 часот. Ова за Македонската телевизија го најави министерот Филипче, но услови, трендот со пад на бројката на новозаразени треба да продолжи. Уште еднаш потврди, македонските граѓани ќе бидат подложени на колективна имунизација...

Над 60 проценти од здравствените работници во земјава би ја примиле  вакцината против Ковид-19, покажало истражувањето. Ова се охрабрувачки резултати, вели министерот Филипче за Македонската телевизија. Додава, вакцините што ќе пристигнат во земјава се безбедни и се единственото оружје против Ковид-19. Граѓаните мора да бидат свесни дека само преку имунизација може да се победи болеста. 

Состојбата со коронавирусот во моментов е стабилна, ако продолжи овој тренд угостителските објекти ќе се вратат на работното време до 21 часот – дополнува за МТВ, Филипче. Нема да има продолжување на мерката со која треба да затвораат во 18 часот, што беше донесена во пресрет на празниците и ќе трае до 20 јануари.

Според здравствените власти, епидемиолошката состојба е значително подобрена во последните четири недели, граѓаните соодветно ги почитуваат безбедносните протоколи против вирусот.  

 

Андријана Атанасовска